Skip to content

Прекршоци против јавен ред и мир

Прекршок против јaвниот ред и мир е секое однесување со кое се нарушува мирот, работата или вообичаениот начин на живеење на граѓаните, на јавно место и ја загрозува нивната безбедност, создава несигурност, го оневозможува непреченото движење или го нарушува остварувањето на нивните права и обврски, ја попречува работата и извршувањето на надлежностите на државните органи и други институции, или на друг начин го нарушува јавниот ред и мир.

Прекршоци против јавен ред и мир постојат:

  • ако на јавно место со карање, викање или непристојно однесување се нарушува јавниот ред и мир – глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност;
  • ако на јавно место со фрлање или кршење шишиња, чаши или други предмети ги вознемирува грѓаните или ја загрозува нивната безбедност – глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност;
  • ако на јавно место се оддава на пијанство со што го нарушува јавниот ред и мир – глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност;
  • ако со малтретирање на друг во стан ги вознемирува соседите, со што ќе предизвика интервенција на полицијата – глоба во висина од 100 до 400 евра во денарска противвредност;
  • ако со нарушување на мирот на други со пеење, користење на музички инструменти, радио и телевизиски апарати и други технички уреди, како и со врева на мотор и слично, во периодот од 15,00 до 18,00 часот и по 23,00 часот до 6,00 часот наутро – глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност;
  • ако на јавно место организира борба меѓу животни и предизвикува негодување на граѓаните или ја загрозува нивната безбедност – глоба од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност;
  • ако на јавно место со малтретирање, омаловажување, понижување и навредување на друг  или со вршење присилба спрема друг ќе предизвика негодување на граѓаните, или ја загрозува нивната безбедност – глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност;
  • ако на јавно место учествува, предизвикува или поттикнува друг на тепачка – глоба од 300 до 500 евра во денарска противвредност;
  • ако на јавно место физички нападне друго лице – глоба од 600 до 800 евра во денарска протввредност;
  • ако омалoважува државен орган или навредува службено лице на државен орган или друга институција која врши јавни овластувања во вршење на службата – глоба од  600 до 800 евра во денарска противвредност;
  • ако постапува спротивно на наредбата на надлежен државен орган или на овластено службено лице на државен орган за забрана да се пристапува или задржува на определено место – глоба од 600 до 800 евра во денарска противвредност;
  • ако не се оддалечи од група на луѓе која овластено службено лице ја повикало да се разотиде во прилики кога јавниот ред е загрозен – глоба во висина од 600 до 800 евра во денарска противвредност;
  • ако лажно повикува на помош или пријави настан со намера да предизвикува излегување на државен орган или јавна служба – глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност;
  • ако оштетува, уништува или осквернува споменик – глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност;
  • ако неовластено отстрани, искине, замачка, оштети или на било кој начин ги изложи на подбив државите симболи на РСМ, симболите на припадниците на заедницитe или истакне знаме или грб кој не ги содржи обележјата пропишани со закон – глоба од 1.000 до 1.500 евра во денарска противвредност;
  • ако се оддава на проституција, како и издава, односно става на располагање простории за вршење на проституција – глоба од 600 до 800 евра во денарска противвредност;
  • ако се оддава на уживање на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори – глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност;
  • ако овозможува присуство на малолетни лица во угостителски објекти или простории за забава (кафеани, ноќни барови, дискотеки) подоцна од 24 часот ќе се изрече глоба на: трговско друштво кое врши угостителска дејност од  2.000 евра во денарска противвредност, трговец поединец кој врши угостителска дејност во износ  од  1.700 евра во денарска противвредност и одговорно лице во трговско друштво кое врши угостителска дејност или друго правно лице во износ од 30% од одмерената глоба за правното лице;
  • ако дава аудиовизуелни слики и други предмети со порнографска содржина или со изразено насилство на малолетни лица – глоба  од 100 до 400 евра во денарска противвредност;
  • ако лажно се претстави на друг во однос на својата службена функција, односно статус или ако употреби лажни лични податоци како свои или ако потврди туѓи лажни лични податоци, како и ако неовластено носи ознаки на службено лице  – глоба од 600 до 800 евра во денарска противвредност;
  • ако се затекне да пита – глоба од 15 до 50 евра во денарска противвредност;
  • ако игра комор или друга игра на среќа што е забранета – глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност;
  • ако го ремети јавниот ред и мир во заеднички простории на станбена зграда во која не е населен, во двор или простории на училиште во кое не е ученик или во простории на друга јавна зграда – глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност;
  • ако го оневозможува користењето или оштетува јавни згради, јавни чешми, извори, плажи, паркови, шеталишта или други јавни објекти и инсталации или истите ги загадува со материи и отпадоци со кои се загадува животната средина – глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност;
  • ако изведува работа, а не преземе соодветни мерки да обезбеди канал, шахта, бунар, дупка, електрична инисталција и други уреди кои претставуваат опасност за минувачите – глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност;
  • ако без заштитни средства (маска и слично), без надзор и невнимателно држи кучиња и други опасни животни кои може друг да престрашат или да повредат – глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност;
  • ако става или држи пред зграда или ограда, односно на зграда или  на ограда  уред или предмет што може да го повреди минувачот или да му нанесе некоја друга штета или кој такви предмети исфрла на улица – глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност;
  • ако неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните – глоба од 200 до 500 евра во денарска противвредност;
  • ако на јавно место неовластено приреди огномет, бакљада или слична приредба или не преземе мерки за безбедност – глоба од 100 до 400 евра во денарска противвредност.

Извор:
Закон за прекршоците против јавниот ред и мир

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top