Видео надзор
Дали може да се постави видео надзор во објектот?
Видео надзор може да се постави во објект со што контролорот кој го врши видео надзорот мора да истакне известување кое ќе биде јасно и видливо.
Известувањето мора да содржи информации дека:
- се врши видео надзор;
- името или називот на контролорот кој го врши видео надзорот и
- начинот на кој може да се добијат информации за тоа колку време се чуваат снимките.
Ова се прави поради заштита на личните податоци на субјектите.
Контролорот има обврска да ги извести вработените доколку во објектот има поставено видео надзор во деловните или службени простории. Контролорот може да врши надзор ако тоа е потребно за:
- заштита на животот и здравјето на луѓето;
- заштита на сопственоста и вработените;
- поради обезбедување на контрола над влегување и излегување поради безбедносни цели.
Забрането е вршење на видео надзор во гардеробер, соблекувална, санитарни јазли и други слични простории.
Снимките од видео надзорот треба да се чуваат до исполнување на целите за кои се вршат, но не подолго од 30 дена, освен ако поинаку не е законски определено. Доколу видео надзорот е поставен спротивно на одредбите од Законот за заштита на лични податоци, ќе биде отстранет на трошок на сопственикот.
За вршење на видео надзор во станбени објекти потребна е писмена изјава од сопствениците односно од станарите и закупниците со согласност од 70% од вкупниот број.
Извор:
Закон за заштита на личните податоци
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

