Skip to content

Царински постапки

Царински постапки кои ги применува царинската управа над стоките кои се предмет на царинска контрола се:

  • Транзит – со транзитната постапка се одобрува движење од едно до друго место во рамките на царинското подрачје под контрола на царинскиот орган.
  • Увоз – при увоз се наплатуваат увозни давачки и даноци. Увозната стока подлежи на фитосанитарна, ветеринарна или друга пропишана контрола, истиот е дозволен само преку граничните премини кои се во согласност со прописите за внесување и изнесување на таква стока.
  • Извоз – со постапката на извоз, царинскиот орган одобрува домашната стока да се изнесе од царинското подрачје. Извозот вклучува примена на формалности за извоз и изнесување, мерки на трговска политика и ако е пропишано плаќање на извозни давачки. Со извоз извезената домашна стока го менува статусот во странска стока.
  • Постапки со економски ефект се: увоз за облагородување, извоз за облагородување, привремен извоз, царинско складирање и преработка под царинска контрола.
  • Поедноставени постапки – истите ја заменуваат вообичаената постапка, овозможуваат извозот или увозот да се извршуваат надвор од царинскиот терминали и/или со помалку документи. Ја намалуваат улогата на посредниците (застапниците) во царинските постапки, ги намалуваат трошоците на компаниите и се намалува времето за спроведување на царинските формалности.
  • Постапки кои се применуваат во Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) – ТИРЗ  е дел од царинското подрачје или објекти во царинското подрачје, одвоени од другиот дел на царинското подрачје.

Извор:
www.customs.gov.mk

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!



Back To Top