Skip to content

Услови за вработување странец

Странец е лице кое не е државјанин на РСМ. Странец може да се вработи во нашата земја, а услов е да поседува работна дозвола за странци. Работната дозвола се издава со цел лицето да може да работи на територијата на РСМ.

Работната дозвола е документ кој го склучува работодавачот со странецот односно договор за негово вработување. Истата може да се издаде за период од една година или на неопределено време.

Имено, работната дозвола може да биде поништена или да се одземе ако:

  • дозволата за привремен/постојан престој на странецот престанала;
  • странецот престојува надвор од РСМ подолг период од 6 месеци без прекин (освен во определени случаи предвидени со Законот за вработување и работа на странци);
  • странецот врши друга работа, освен таа за која има работна дозвола.

Надлежен орган за донесување решение за издавање на работни дозволи и нивно продолжување е Агенцијата за вработување.

Извор:
Закон за вработување на странци

За водење на постапката за работни односи за странец и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top