Skip to content

Вознемирување на работно место

Забрането е секаков вид на вознемирување на работното место и злоупотреба на правата со вознемирување на работното место, согласно Законот за заштита од вознемирување на работното место.

Под психичко вознемирување на работното место се подразбира секое негативно однесување на поединец или група кое се повторува и претставува повреда на достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот. Ова вознемирување предизвикува чувство на страв, непријатност, пониженост и крајна цел може да биде повреда на физичкото и менталното здравје, компромитирање на професионалната иднина на вработениот и престанок или напуштање на работното место.

Под полово вознемирување на работното место се подразбира секое вербално, невербално или физичко однесување од полов карактер, кое претставува повреда на достоинството на вработениот.

Вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работното место треба писмено да се обрати до лицето кое го вознемирува, со цел решавање на спорната состојба. Доколку однесувањето не престане и по писмената опомена поднесува барање за заштита од вознемирување на работното место до одговорното лице (најдоцна во рок од 6 месеци по извршеното вознемирување), а потоа и тужба пред надлежен суд. Откако ќе се поднесе барањето се спроведува постапка за посредување со цел да се спогодат страните.

Доколку не се спогодат страните, вработениот може правото на заштита од вознемирување на работно место да го бара во судска постапка.

Извор:
Закотот за заштита од вознемирување на работото место

За водење на постапката за работни односи, заштита на работникот и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top