Skip to content

Мобинг

Забрана и заштита од вознемирување на работното место

Мобингот е секаков вид на психичко вознемирување на работото место. Психичкото вознемирување (мобинг) е децизно наведено во Законот за работни односи и се мисли на секое негативно однесување што често се повторува од страна на поединец или група (најмалку во период од 6 месеци), со што се повредува достоинството, интегритетот, угледот и честа на вработениот и предизвикува страв, создава непријателско, понижувачко или навредливо однесување, кое  може да заврши со напуштање на работното место (престанок на работниот однос). Извршител на мобингот може да биде работодавач, работник, физичко или одговорно лице.

Товарот на докажување во случај на спор е во изнесувањето факти дека работодавачот или оној што го вршел мобингот постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи.

Поради поведување на постапка за правна заштита од мобинг на работното место или сведочење во постапка, на вработеното лице не сме да му се влошат условите за работа (не смее да биде ставен во неповолна положба, не смее да му се намали платата, не смее да се распредели на друго работно место каде ќе се спречи напредување или стручно усовршување).

Извор:
Закон за работни односи

За водење на постапката за работни односи, заштита на работникот и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top