Skip to content

Тринаесетта плата

Тринаесетта плата всушност претставува остварениот профит кој работодавачот го дели со работниците. Со тоа се покажува дека работниците се заслужни за добиениот профит на фирмата. Согласно Законот за работни односи предвидено е дека може на работникот да му се исплати тринаесетта плата, доколку работодавачот има можност истата да ја исплати.

Кај повеќето граѓани има заблуда, односно не се доволно информирани дека регресот за годишен одмор (К-15) и тринаесетта плата не е исто. Регресот за годишен одмор (К-15) е законска обврска на секој работодавач да ја исплати, а додека пак тринаесетта плата е можност на работодавачот доколу сака и остварил профит да ја иплати (не е задолжителна и не претставува законска обврска како (К-15).

Извор:
Закон за работни односи

За работните односи, правата на работникот и негова заштита обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top