Skip to content

Дали се казнува неисплаќање на К-15?

За работодавачите кои не исплаќаат К-15 односно регрес за годишен одмор, согласно законот се предвидува казна.

Регресот за годишен одмор (К-15) се исплатува до 31 декември и преставува законска обврска за работодавачите од приватниот сектор.

Доколку работодавачот не исплати регрес за годишен одмор (К-15) согласно Кривичниот законик му се предвидува парична казна или казна затвор до 1 година. Исто така доколку работодавачот исплати К-15 формално, а потоа побара да му се вратат средствата се казнува согласно Кривичниот законик со парична казна или казна затвор од три месеци до една година.

Работниците имаат право на К-15 и доколку не им биде исплатен истиот можат за тоа да го известат Државниот инспекторат за труд или да покренат судска постапка за заштита на своите права.

Извор:
Општ колективен договор
Кривичен законик

За водење на постапката за работни односи, заштита на работникот и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top