Skip to content

Регулирање на неплатен стаж од 1997-2003 година

Лице кое било осигурано и било во работен однос од 1997 до 2003 година, а работодавачот не му ги исплатил придонесите за пензиско и инвалидско осигурување, може самoто да изврши плаќање на истите.

Ова право лицето може да го оствари со претходно поднесено барање до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Врз основа на поднесеното барање Фондот донесува решение доколку утврди дека се исполнети следните услови:

  • осигуреникот бил осигуран во задолжително социјално осигурување заклучно со 31 декември 2008 година;
  • придонесите за пензиско и инвалидско осигурување  не се платени целосно или делумно, а тоа се утврдува врз основа на записник од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување;
  • фирмата не е активна односно е избришана од регистрите на Централниот регистар.

Извор:
Закон за пензиско и инвалидско осигурување

За водење на постапката за регулирање на работен стаж и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top