Skip to content

Платен одмор

Многу работници не добиваат можност да го користат платениот одмор кој им следува за важни животни настани, како што се:

  • Склучување брак (на работникот или на неговото дете)
  • Раѓање или посвојување на дете
  • Смрт на блиски роднини (сопружник, дете, родители, браќа и сестри, баба и дедо)
  • Селидба на семејството
  • Прв училиштен ден на детето
  • Полагање испити за стручно усовршување

Иако Општиот колективен договор за јавен сектор јасно го регулира ова право, често пати работодавачите го ограничуваат или не го признаваат, оставајќи го работникот без заслужениот одмор.

Решение: Остварете го своето право на платен одмор со наша помош!

Нашата правна служба ќе ви помогне да:

  • Проверите дали имате право на платен одмор според закон и колективен договор
  • Изготвите писмено барање до работодавачот
  • Ако е потребно, покренете работен спор за заштита на вашите права
  • Ве застапуваме во целиот процес за да го добиете надоместокот што Ви следува

Колку дена платен одмор ви следува според видот на настанот?

  • 3 дена за склучување брак
  • 2 дена за брак на дете или за селидба на семејството во друго место
  • 5 дена за смрт на сопружник или дете
  • 1 до 2 дена за други семејни настани и испити

📞 Доколку работодавачот не ги почитува овие одредби, не дозволувајте да Ви ги скрати правата! Контактирајте нè за правна поддршка и водење на постапка.

Извор:
Општ колективен договор за јавен сектор


Back To Top