Надоместоци на плата
Многу работници не ги добиваат надоместоците на плата на кои имаат право, дури и во ситуации предвидени со закон и колективни договори, како што се:
- Боледување
- Годишен или вонреден одмор
- Прекин на работа по вина на работодавачот
- Образовни или синдикални активности
- Отказен рок
Иако Општиот колективен договор за јавен сектор прецизно ги дефинира обврските на работодавачот, тие често не се почитуваат, со што работникот останува без дел од заработената плата.
Решение: Вие имате право – Ние ви помагаме да го остварите!
Сервисеа обезбедува комплетна правна помош за остварување на правото на надомест на плата, преку:
- Анализа дали надоместокот е законски неисплатен
- Советување и подготвување на барање до работодавачот
- Покренување работен спор пред надлежен суд
- Застапување низ целата постапка до конечно остварување на правото
Примери кога имате право на надомест:
- време на привремена неспособност за работа поради болест;
- годишен одмор или платен вонреден одмор;
- време на прекин на работниот процес од причини на страната на работодавачот;
- слободни денови;
- дообразование, стручно оспособување и преквалификација, доквалификација, согласно со потребата на работодавачот, полагање испити за дообразование и стручно оспособување на работникот, заради сопствен интерес;
- синдикално образование;
- време на отказен рок.
За привремена неспособност за работа поради болест и повреда, согласно со закон, работникот има право на надоместок на плата во висина од:
- 70% за период до 7 дена;
- 80% за период до 15 дена;
- 90% за период до 21 ден.
Законски основ:
Општ колективен договор за јавен сектор
Закон за работни односи.
Контактирајте нè за правна проценка и водење на постапка!
Извор:
Општ колективен договор за јавен сектор

