Skip to content

Работа од дома

За работа од дома се смета работата што ја врши работникот од својот дом или во простории што ги избрал работникот по свој избор (надвор од деловните простории на работодавачот).

Со работа од дома работодавачот и работникот можат да се договорат работникот да ја врши работата којашто спаѓа во дејноста на работодавачот или која е потребна за извршување на дејноста на работодавачот дома.

Со договорот за вработување, работодавачот и работникот ги уредуваат правата, обврските и условите на работата. Договорот за вработување, работодавачот треба да го достави до инспекторот на трудот, во рок од три дена од денот на склучување на договорот. Инспекторот може да забрани работа од дома, доколку таа работа е штетна за работникот кој работи од дома или животната и работната средина каде што се врши работата.

Работодавачот е должен да обезбеди безбедни услови за заштита при работа од дома, како и надомест за употреба на свои средства за работа од страна на работникот.

Извор:
Закон за работни односи

За состав на договорот за работа од дома како и за правата, обврските и условите кои произлегуваат од него обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top