Skip to content

Ослободување од работа на бремени жени во пандемија

Со започнувањето на пандемијата со Ковид-19, Владата донесе Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Covid-19 предизвикана од вирусот Sars-Co V-2, случаите и временскиот период на нивната примена, со која бремените жени се ослободуваат од работа.

Поточно, во член 13 од Одлуката во точка 11 е наведено дека – се ослободуваат бремените жени од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место. Бремените жени имаат право да побараат да се ослободени од физичко присуство од својот работодавач.

Оваа одлука има важност се до завршување на пандемијата, прогласена од Светската здравствена организација.

Извор:
Одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки,  наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита
на здравјето на населението од заразната болест Covid-19 предизвикана од вирусот Sars-Co V-2, случаите и
временскиот период на нивната примена – Влада на РСМ од 03.11.2020 год.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top