Skip to content

Недела неработен ден?

Недела е неработен ден од 1-ви јануари 2022 година, согласно Законот за изменување и дополнување на Законот за работни односи.

Исклучок има во одредени дејности недела да биде работен ден, а ден за неделен одмор да биде друг ден во неделата. Тоа важи за дејностите чија што природа налага дека не може да се прекине континуитетот во работата.

Доколку работникот работи во недела има право на додаток на плата за работа во недела и право на користење на неделен одмор (еден ден слободен) во наредните седум дена. За работа во недела, работодавачот е должен да го извести Државниот инспекторат за труд.

Извор:
Закон за изменување и дополнување на законот за работни односи

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top