Права и обврски за време на штрајк
Право на штрајк имаат синдикатот и неговите здруженија со цел заштита на економските и социјалните права од работниот однос на своите членови (согласно закон). Учеството во штрајк и неговото огранизирање согласно законот и колективниот договор не претставува повреда на договорот за вработување. Штрајкот се најавува писмено со причините за него и се доставува до работодавачот.
Првично, пред да започне штрајкот се поведува постапка за помирување за мирно решавање на спорот. Штрајкот на солидарност може да започне и без постапка за помирување.
Со штрајкот не смее да се оневозможува или попречува организирањето и одвивањето на работниот процес за работниците кои не учествуваат во штрајкот, забрана на влез на работниците и на одговорните лица во деловните простории на работодавачот.
Работникот кој организира или учествува во штрајк не треба да биде ставен во понеповолна положба од другите работници, како и не може да му се даде отказ поради тоа. Отказ може да му се даде на работникот само доколку штрајкот не е во согласност закон и колективен договор и доколку направил некоја тешка повреда на договорот за вработување.
Работодавачот е должен на работниците за време на штрајк да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебни прописи на најниска основица за плаќање на придонесите.
Извор:
Закон за работни односи
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

