Skip to content

Средства за издржување странец при престој во РСМ

Висината на потребните средства за издржување странец за период на престој во Република Северна Македонија, за негово враќање во државата од каде доаѓа или пак за транзит во трета држава ги определува Владата.

Проценката на потребните средства за издржување се врши врз основа на:

  • готовински парични средства;
  • патнички чекови;
  • кредитни картички во сопственост на странецот.

Покрај тоа, како доказ за поседување средства за издржување се сметаат:

  • недвижни ствари согласно закон (доколку поседува недвижен имот или изнајмува недвижен имот во Република Северна Македонија, врз основа на што може да обезбеди средства за издржување за време на престојот во нашата држава);
  • средства од директни странски вложувања;
  • производно-техничка соработка, корпорација и друго.

Како доказ за поседување средства за издржување на странец претставува и гарантно писмо и покана кои се издадени од физичко или правно лице или пак од орган на државна управа, доколку странецот престојува кај него.

извор: Закон за странци

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top