Skip to content

Издавање пасош на странец

Пасош на странец му издава Министерството за внатрешни работи во определени случаи и тоа:

  • се издава на странец кој законски престојува во Република Северна Македонија, а нема и не може да обезбеди важечка странска патна исправа од државата чиј државјанин е, за излегување и влегување во Република Северна Македонија и
  • се издава на странец кој треба да ја напушти територијата на државава, а нема и не може да обезбеди важечка странска патна исправа од државата чиј државјанин е за излегување од Република Северна Македонија.

Пасош за странец не може да се издаде  на лице кое има статус на бегалец (согласно со Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година и Протоколот за статусот на бегалците од 1967 година).

Документи кои се потребни за издавање пасош на странец се:

  1. Барање за пасош за странец;
  2. Дозвола за привремен престој;
  3. Дозвола за постојан престој;
  4. Согласност од родител, доколку барателот е малолетен;
  5. Изјава заверена кај надлежен нотар со која странецот потврдува дека нема и не може да обезбеди важечка странска патна исправа од државата чиј државјанин е.

Извор: Закон за странци,
Правилник за патни и други исправи на странец
www.uslugi.gov.mk

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top