Skip to content

Обештетување во случај на незгода на автопат

Доколку на автопат се случи незгода, потребно е истата да се пријави во Министерството за внатрешни работи. Записник за незгодата случена на автопат ќе направи Министерството за внатрешни работи на самото место на незгодата. Доколку за возилото, возачот односно сопственикот поседува каско полиса за осигурување има можност да поднесе барање за надомест на материјална штета до осигурителната компанија со која што е склучена каско полисата. Ако пак возачот за возилото не поседува каско полиса, надомест на материјална штета се бара од Јавното претпријатие за одржување и заштита на регионални и магистрални патишта Македонија пат – Скопје, согласно Законот за јавни патишта.

Извор:
Закон за јавни патишта;

За подетални информации околу обештетувањето во случај на незгода на автопат обратете се на Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top