Медијација
Медијација претставува посредување, решавање на спорен однос по пат на преговарање на мирен начин, со цел да се постигне негово разрешување. Медијацијата се применува во: имотно-правни, семејни, работни, трговски, потрошувачки, осигурителни спорови, спорови од областа на образованието, заштита на животната средина, спорови во врска со дискриминацијата и други.
Постапката за медијација започнува кога страните во спорот во писмена форма ќе се согласат дека ќе учествуваат во медијација. Во рок од седум дена по добивање на поканата за медијација треба да се јави на средба со медијатор или заедно со медијаторот и другата страна која ја упатила поканата за медијација.
На предвидената средба ако една од страните не се сложува постапката да се води со медијација, истото потребно е писмено да го потврди. Доколку страната која ја испратила поканата во рок од 15 дена не добие одговор на истата се смета дека предлогот за поведување постапка на медијација е одбиен.
Со посебен закон може да биде утврдено дека медијацијата е услов за поведување на судска или друга постапка. Исто така страните при склучување на некаков договор и слично можат да се обврзат споровите кои ќе настанат да ги решаваат со медијација пред започнување на судска или друга постапка.
Медијацијата завршува со:
- склучување на писмена спогодба;
- писмена изјава на медијаторот;
- писмена изјава од страните до медијаторот;
- писмена изјава на било која од страните;
- смрт на една од страните во спорниот однос;
- престанување на својство на медијатор кој ја водел постапката.
Постапката завршува во рок од 60 дена од денот на давање на изјавата за започнување на постапката, без разлика на нејзиниот исход.
Извор:
Закон за медијација
За водење на постапката за медијација и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

