Skip to content

Арбитража

Арбитража e тело од недржавен карактер составено од едно или повеќе лица, кои ги избираат странките. Најпрво се догововара надлежност на арбитражата, која се врши со писмен договор и која може да биде во вид на арбитражна клаузула или во вид на основен или посебен договор со кој се утврдува дека надлежност за решавање на спорот ќе има Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Северна Македонија, во согласност со утврдените правила на постапката.

Во деловното право се препорачува деловните партнери да ја имаат договорено надлежноста на арбитражата за решавање на евентуалниот спор. Договорните страни во договорот можат со арбитражна клаузула да го договорат составот на арбитражниот суд, јазикот и местото на арбитражата.

Арбитражниот суд може да биде составен од арбитер поединец или арбитражен совет од тројца арбитри.

Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Северна Македонија своите надлежности ги врши преку претседателот на Арбитражата, потпретседателите и другите членови на претседателството, преку секретарот на Арбитражата и арбитрите кои како арбитри-поединци или во арбитражни совети постапуваат во споровите пред Арбитражата или во врска со нив.

Извор:
Стопанска комора на Македонија –
Постојан избран суд – Арбитража

За водење на постапката за арбитража и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во  Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top