Упис на промена на сопственици во јавна книга
Упис на промена на сопственици во јавна книга е постапка која се извршува пред Агенција за катастар на недвижности или пред надлежен нотар. Постапка за упис на промена на сопственици пред надлежен нотар е кога се склучуваат договори (како на пример договори за купопродажба на стан/куќа/нива, договори за подарок, договори за закуп на деловен простор и слично).
Договорните странки немаат обврска откако ќе го потпишат договорот на нотар да ја променат сопственоста во катастар, бидејќи уписот го врши нотарот по службена должност. Понекогаш се случува нотарот да не ја упише промената, па затоа најдобро е договорните странки посочат на тоа да се внесе промената.
Друга можност да се упише сопственост претставува кога сопственикот не го има впишано имотот, односно имотот е со незапишани права. Сопственикот на свое барање поднесува геодетски елаборат и барање до Агенцијата за катастар на недвижности.
Извор:
Нотарска комора на РСМ
www.uslugi.gov.mk
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

