Skip to content

Што е потребно за отпочнување на оставинска постапка?

Кога некое лице ќе почине, наследникот или наследниците треба да го пријават починатиот во матичната служба во општината во која имал последно живеалиште. Прво, се составува смртовница врз основа на податоците кои ги пополнува некој од наследниците за тоа кои се јавуваат како потенцијални законски наследници и кој недвижен и подвижен имот оставателот го поседувал – куќа или стан, земјиште, пари во банка, возило, акции, оружје и слично.

Од матичната служба составената смртовница ја доставуваат до надлежниот основен суд кој ја распределува кај нотар. Оставинската постапка ја води нотар, а во текот на постапката присуствува адвокат.

Сервисеа ќе Ви помогне во остварување на сите чекори потребни за комплетирање на постапката, вклучувајќи собирање на потребната документација  во надлежните служби, ангажирање адвокат, нотар и други потребни институции. На клиентот преостанува само да оствари бесплатна консултација со Сервисеа, пред отпочнување на реализацијата.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 2 Comments

  1. Имам договор за доживотна изддршка на моја тетка, сопругот е починат, немаат деца имотог му е поделен на половина бидејќи имаат развод пред смртта на сопругот. За делот од сопругот завршена е оставинска постапка на сите неговите родители наследници. Прашање то е дали треба да се поведе оставинска постапка за делот од тетката после смртта нејзина или имотот со договорот за издршка имотот се префрла на давателот давателот на издршкаа. Благодарам

    1. Почитувани,
      Ви благодариме за контактот, одговорот го имате на Вашата email адреса. Комуникацијата можеме да ја продолжиме таму.
      Со почит,
      Сервисеа

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top