Skip to content

Разлика помеѓу имотен и поседовен лист

Со имотниот лист се докажува запишаното право на сопственост и други стварни права на недвижностите во согласност со закон и истиот претставува јавна исправа. Имотниот лист содржи:

– податоци за катастарските парцели;

– податоци за зградите и посебните делови од зградите и други објекти;

– податоци за носителите на правата на недвижностите;

– податоци за правото на сопственост и други стварни права на недвижностите, како и други права чие запишување е утврдено со закон;

– податоци за правната основа на запишување;

– податоци за висината на побарувањата што се обезбедуваат со заложното право, предбележувања и прибележувања.

Во поседовниот лист се евидентирани само податоците за земјиштето, односно за катастарските парцели и нивните корисници во согласност со Законот за премер и катастар на земјиште. Поседовниот лист не е доказ за запишаното право на сопственост.

Извор: www.katastar.gov.mk

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top