Skip to content

Придонеси

Придонесите се јавна давачка која обврзникот ја плаќа од остварениот бруто-надоместок од работник однос, на сметка на соодветни социјални фондови, кои претставуваат основа за оставарување на тековни и идни права на осигуреникот како право за здравствена заштита, право на користење пензија, надоместок во време на невработеност и слично.

Средствата од придонесите се распределени во задолжително социјално осигурување, а тука спаѓаат спаѓаат:

  • пензиско и инвалидско осигурување врз основа на тековна исплата;
  • задолжително капитално финансирано пензиско осигурување;
  • стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење;
  • здравствено осигурување и
  • осигурување во случај на невработеност.

Обврзник за плаќање на придонеси е осигуреникот во чие име и за чија сметка се плаќаат придонесите, а обврзник за пресметка и уплата на придонесите е работодавач, самовработено лице, индивидуален земјоделец, верско службено лице, државна институција, орган или организатор.

Стапката по која се пресметуваат и плаќаат придонесите е:

  • 18,8% за задолжително пензиско и инвалидско осигурување;
  • 4% за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа или професионална болест;
  • 7,5% за задолжително здравствено осигурување;
  • 13% за задолжително здравствено осигурување за обврзникот корисник на домашна и/или странска пензија;
  • 0,5% на дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување и
  • 1,2% за задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност.

Извор:
Министерство за финансии
Управа за јавни приходи

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top