Надоместок на плата за време на спреченост за работа
Осигуреното лице има право на надоместок на плата за време на привремена спреченост за работа поради болест и повреда, како и за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство, само под да има засновано постојан работен однос.
Осигурениците можат да остварат право на надоместок на плата ако се исполнети следните услови за остварување на правото на надоместок на плата согласно законските прописи и тоа:
- Ако здравственото осигурување по основ на работен однос траело непрекинато најмалку шест месеци пред настапување на случајот, поради кое се стекнува правото;
- Придонесот за задолжително здравствено осигурување редовно да е уплатуван или со задолцнување од најмногу 60 дена и
- Оценката за привремена спреченост од работа да ја дал избраниот лекар односно лекарската комисија на Фондот.
Правото на надоместок на плата на товар на Фондот се остварува врз основа на поднесено барање за привремена спреченост за работа поради болест и повреда односно барање за привремена спреченост за работа поради бременост и раѓање.
Исплата на надоместокот на плата за првите 30 дена спреченост за работа го утврдува и исплатува работодавачот од своите средства.
Надоместокот на плата над 30 дена е на товар на средствата на задолжителното здравствено осигурување и го утврдува и исплатува Фондот за здравствено осигурување.
Од првиот ден на спреченост за работа, надоместокот на плата се исплатува од средствата на Фондот ако се работи за нега на болно дете до тригодишна возраст, доброволно давање на крв, ткиво или орган и во случај на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство.
Висината на надоместокот на плата за време на привремена спреченост за работа поради повреда на работно место, професионално заболување, за време на давање на орган, крв или ткиво, за време на отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство изнесува 100% од основицата на надоместокот на плата.
Надоместокот на плата во останатите случаи кои не се опфатени во горенаведените е на товар на средствата на Фондот и изнесува 85% од утврдената основица.
Извор:
Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

