Право на инвалидска пензија
Осигуреник кај кој настанала општа неспособност за работа, како и кај осигуреник кој има преостаната работна способност, но поради навршување одредени години на живот и покрај професиналната рехабилитација повторно не може да се оспособи за вршење на некоја друга соодветна работа, може да се стекне со право на инвалидска пензија.
Услови за стекнување право на инвалидска пензија:
- инвалидноста да е причинета со повреда на работа или професионална болест без оглед на должината на пензискиот стаж;
- инвалидноста да е причинета со повреда надвор од работа или со болест, под услов пред настанувањето на инвалидноста, (односно на денот на престанокот на осигурувањето по настанатата инвалидност) осигуреникот да е постар од 45 години живот и да има навршени најмалку 12 години пензиски стаж;
- инвалидноста да е причинета со повреда надвор од работа или со болест и осигуреникот има навршено помеѓу 30 и 37 години живот. Во овој случај потребно е осигуреникот да има пензиски стаж кој му покрива 30% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години. Осигуреник кој има навршено меѓу 37 и 45 години живот, треба да има пензиски стаж покривајќи 40% од работниот век, сметајќи го работниот век на полни години.
Осигуреник помлад од 30 години
Осигуреник кај кого инвалидноста настанала пред навршување на 30 години живот како последица на повреда надвор од работата или болест се здобива со право на ивалидска пензија ако на денот на настанувањето на инвалидноста имал својство на осигуреник и ако:
- инвалидноста настанала до навршување 20 години живот, доколку имал најмалку 6 месеци стаж на осигурување;
- инвалидноста настанала до навршување 25 години живот, доколку имал најмалку 9 месеци стаж на осигурување;
- инвалидноста настанала до навршување 30 години живот, доколку имал најмалку 12 месеци стаж на осигурување.
Извор: Закон за пензиско и иинвалидско осигурување,
www.mtsp.gov.mk
За остварување на правото на користење инвалидска пензија и водење на постапката за истата, контактирајте ја Сервисеа.
Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.
Вашиот проблем е наша мисија!

