Skip to content

Колкав период може да се користи неплатен одмор?

Согласно Законот за работните односи работникот може да користи неплатено отсуство најмногу до три месеци под услови и случаи предвидени во колективен договор. Според Општиот колективен договор такви случаи се:

  • нега на член на семејството;
  • изградба или поправка на стан или куќа;
  • лечење на своја сметка;
  • учество на културни и спортски приредби;
  • учество на семинари, конгреси, конференции и сличнo;
  • други случаи определени во колективниот договор на ниво на гранка.

Одлуката за тоа дали работникот ќе користи неплатено отсуство кое изнесува најмногу три месеци во годината, ја донесува работодавачот или лице кое е овластено од работодавачот во зависност од процесот на работа.

Извор: Општ колектвен договор за приватниот сектор од областа на стопанството
Општ колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија
Закон за работните односи

За водење на постапката за работни односи, заштита на работникот и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top