Skip to content

Права на работникот во вонредна состојба

Користење годишен одмор за време на вонредна состојба во државата

За времетраење на вонредна состојба се применуваат одредбите од Уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба.

Работникот може да го користи годишниот одмор за 2020 година, како и неискористениот дел од годишниот одмор за 2019 година, односно одмор кој што не бил искористен во тековната календарска година заради отсутност поради боледување, повреда, породилен одмор, одмор за нега и чување дете и годишниот одмор на работник кој работи во странство, како и за правото на платено отсуство од работа на работничка која користи отсуство за време на бременост, раѓање и родителство и посвојување на дете, како и надоместокот на плата на работникот кој користи отсуство поради бременост, раѓање и родителство, за времетраење на вонредната состојба, се применуваат одредбите од Уредбата.

Работодавачот не може да му ги засмета како денови од годишен одмор на работникот деновите кога тој работел од дома, поради мерките и препораките на Владата.

За работниците вработени во приватниот сектор опфатени со времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус (COVID-19), неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година, треба да се искористи до 31 мај 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот. За делот од годишниот одмор за 2020 година кој мора да се искористи во траење од две непрекинати работни недели, да се искористи до 30 јуни 2020 година, согласно потребите на работниот процес и одобрение на работодавачот.

За отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, продолжува да тече и надоместокот од плата и продолжува да се исплаќа до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од Коронавирус (COVID-19).

Доколку работодавачот не постапи согласно Уредбата, работникот може да пријави во Државниот инспекторат за труд.

Извор: Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top