Skip to content

Заштита на правото на сопственост

Правото на сопственост може да се заштити со тужба.

1. Сопственичка тужба за поврат на ствартатужба со која сопственикот бара од држателот на стварта да се врати определената ствар, при што сопственикот мора да докаже дека има право на сопственост и дека стварта се наоѓа во фактичка власт на тужениот. Не застарува правото на поднесување тужба.

2. Тужба на претпоставениот сопствениктужба со која лицето кое прибавило индивидуално определена ствар врз правна основа и на законит начин, а не знаело и не можело да знае дека не станало сопственик на стварта (претпоставен сопственик), има право да бара нејзин поврат и од совесниот држател кај кого таа ствар се наоѓа без правна основа. Не застарува правото на поднесување тужба.

3. Тужба поради вознемирување на сопственоста тужба со која сопственикот или претпоставениот сопственик го вознемирува некое трето лице, а тоа не е со одземање на стварта, сопственикот или претпоставениот сопственик преку тужба може да бара да престане тоа вознемирување. Не застарува правото на поднесување тужба.

4. Тужба за заштита на сосопственоста, односно заедничката сопственосттужба со која сосопственикот, односно заедничкиот сопственик, има право на тужба за заштита на правото на сопственост на целиот предмет. 

5. Деклараторна – кога правото на сопственост се заштитува со тужба за утврдување на правото и со излачна тужба (утврдена во посебни закони).

Извор:
Закон за сопственост и други стварни права

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top