Skip to content

Регрес за годишен одмор (К-15)

Со Општиот колективен договор за приватниот сектор (од областа на стопанството) правото на исплата на регрес за годишен одмор односно К-15 се однесува на сите вработени лица во приватниот сектор во РСМ.

Право на регрес за годишен одмор имаат вработените во приватниот сектор кои се во непрекинат работен однос најмалку 6 месеци кај еден работодавач (во текот на една календарска година).

Износот на регресот за годишен одмор (К-15) се исплаќа во висина од најмалку 40% од основицата на платата (просечна нето плата по работник исплатена во последните три месеци).

Регресот за 2020 година според податоците за платите по вработен би изнесувал 10.884,00 денари нето износ или 12.093,00 денари бруто износ.

Исплатата на регресот за годишен одмор е задолжителна законска обврска за работодавачите и се исплаќа еднаш годишно. Рокот за исплатата е од 1ви јули до 31ви декември.

Извор:
Општ колективен договор

За водење на постапката за работни односи, заштита на работникот и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top