Skip to content

Ноќна работа и права на работниците

За ноќна работа се смета работењето во период од 22 часот навечер до 6 часот наутро наредниот ден. Работодавачот кој има воведено ноќна работа е должен да ја извести Трудовата инспекција за тоа.

Работодавачот на работникот кој работи ноќно време должен е да му обезбеди:
– подолг одмор;
– соодветна храна или надоместок на трошоци за исхрана во висина од 20% од просечната нето плата, сразмерно за деновите кога работникот работи ноќна работа;
– стручно раководство на работникот и
– лекарски прегледи, пред ангажирање во ноќна работа и во редовни временски периоди утврдени со закон.
Доколку на работникот поради ноќната работа би му се влошила здравствената состојба, согласно мислењето на лекарската комисија, работодавачот е должен да го ангажира за дневна работа.

Заштитата на правата при ноќна работа е услов пред се за:
– жените работнички (во областа на индустијата и градежништвото не може да се распределат за ноќна работа, би се оневозможило да оствари одмор од најмалку седум часа меѓу 22 часот и 5 часот; за време на бременост како и ако има дете до 3 години исто така не смее да работи ноќна работа),
– повозрасни работници (можат да работат ноќна работа само со нивна согласност) и
– работници под 18 години.

Извор:
Закон за работни односи

За водење на постапката за работни односи, заштита на работникот и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top