Skip to content

Одговорност за неисправен производ

Одговорност сноси произодителот за производ пуштен во промет кој е неисправен, а исто така одговара и за штетата предизвикана од неисправноста на тој производ, без оглед на вината.

Произодителот на производот и лицето кое го увезува истиот одговараат солидарно за причинетата штета.

Право на надоместок на штетата предизвикана со уништување/оштетување на предметот, има оштетениот само за делот на штета кој го надминува паричниот износ еднаков на 500 евра, изразен во денарска противвредност, според средниот курс на Народната банка на РСМ. Надомест на нематеријална штета предизвикана од неисправниот производ може да се бара според општите правила за одговорност за штета. Оштетениот, неисправноста на производот и причинетата штета треба да ги докаже.

Производителот е ослободен од одговорност ако докаже дека:

– не го пуштил производот во промет;

– од околностите на случајот произлегува дека неисправноста, а ниту нејзината причина не постоеле во моментот кога го пуштил производот во промет;

– производот не е произведен за продажба, давање во закуп или која било друга деловна цел, како и дека не е произведен или пуштен во промет во рамките на неговата дејност;

– неисправноста е последица на присилните прописи кои биле на сила во моментот кога го пуштил производот во промет;

– состојбата на науката или техничкото знаење, во моментот на ставање на производот во промет, не овозможувале откривање на неисправноста и

– штетата настапила исклучиво поради дејствие на оштетениот или лицето за кое тој одговара, односно дејствие на трето лице кое производителот не можел да го предвиди и чии последици не можел да ги избегне или отстрани.

Делумна одговорност има производителот ако докаже дека за настанувањето на штетата придонел оштетениот или лицето за кое тој одговара. Доколку за настанување на штетата придонело и трето лице, тоа одговара солидарно со производителот.

Извор:
Закон за облигациони односи

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top