Skip to content

Закуп

Со договорот за закуп определен предмет или недвижност закуподавецот му предава на закупецот во употреба, за што закупецот за тоа му плаќа определен договорен надомест – закупнина.

Закуподавецот е должен да му го предаде предметот или недвижноста на закупецот во исправна состојба како што е определено во договорот за закуп, а закупецот е должен за тоа за му исплати надомест – закуп во определениот рок претходно наведен во договорот за закуп, како и да го одржува предметот или недвижноста во состојба во која го превзел односно го употребува како добар домаќин. Закупецот не може да прави измени на предметот или недвижноста, како и да го дава подзакуп или слично без согласност од закуподавецот. Закуподавецот не одговора за недостатоците на закупениот предмет кои не му биле познати на закупецот во моментот на склучуавање на договорот. Закупецот е должен да го извести закуподавецот за секој недостаток на предметот или недвижноста и може да го употребува предметот или недвижноста како што е определено во договорот.

Договорот за закуп престанува откако ќе измине определеното време за кое е склучен. Воедно, договорот може да се продолжи со анекс кон истиот. Доколку во договорот не е определено траењето, престанува со отказен рок што секоја договорна страна може да и го даде на другата.

Извор:
Закон за облигациони односи

Во  Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top