Skip to content

Заблуда

Заблуда кај договорите

Неподобностa на согласност на волјите на договорните страни во договорите може да биде сфатена како недостаток волјата да биде слободно формирана и изразена во процесот на склучување на договорот, која може да се појави како заблуда. Заблудата e погрешна претстава за одредена околност. Заблудата е суштествена ако се однесува на суштествените својства на предметот на договорот, на лицето и околностите што се сметаат за решавачки, а договорната страна не би склучила таков договор со таква содржина ако не била во заблуда.

Поради заблуда, договорната страна која била во заблуда може да бара поништување на договорот. Во случај на поништување на договорот, другата договорна страна има право да бара надомест за претрпена штета, без оглед што страната која била во заблуда не е виновна за својата заблуда.

Заблудата на лицето преку кое страната ја изјавила својата волја се смета исто како и заблудата во сопственото изјавување на волјата. Ако едната страна предизвика заблуда кај другата страна или ја одржува во заблуда со намера со тоа да ја наведе на склучување на договор, другата страна може да бара поништување на договорот и кога заблудата не е суштествена.

Извор:
Закон за облигациони односи

За водење на постапката за застареност и потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top