Skip to content

Договор за градење

Со договорот за градење изведувачот се обврзува да изгради според претходно определен проект, во договорен рок определен градеж* на определено земјиште или да изврши на такво земјиште на постоен објект некакви други градежни работи, а нарачувачот се обврзува за тоа да му исплати определена цена. Услов е договорот да биде склучен во писмена форма.

*Под градеж се подразбираат згради, брани, мостови, тунели, водоводи, канализации, патишта, железнички пруги, бунари и други градежни објекти за која изработка треба посложени и поголеми работи.

Изведувачот на нарачувачот е должен да му овозможи постојан надзор. За секое отстапување изведувачот мора да има писмена согласност од нарачувачот. Доколку има итни непредвидени работи изведувачот може да ги изведе и без согласнот од нарачувачот. Изведувачот одговара за недостатоците во изработката на градеж и за оние недостатоци што би се покажале за време од 10 години од предавањето и приемот на работите, како и за недостатоците на земјиштето.

Нарачувачот или стекнувачот е должен за недостатоците да го извести изведувачот во рок од 6 месеци, во спротивно го губи правото.

Одговорноста за настанатата штета при градеж се определува според големината на вината на секој поединечно од изведувачот, проектантот или лицето што вршело надзор.

Извор:
Закон за облигациони односи

За состав на договор за градење обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top