Skip to content

Права на купувачот на стан ако не се исполнети условите или роковите

Со склучување на преддоговор или договор за купопродажба на стан, купувачот станува негов сопственик. Првично, по склучување на преддоговорот или договорот купувачот треба да побара негов упис или прибележување на сопственоста во Агенцијата за катастар на недвижности. Доколку не се исполнети условите или се пробиени роковите за изградба на станот, купувачот има право да поднесе тужба за раскинување на преддоговорот или договорот за купопродажба на станот и да бара надомест на штета.

Во преддоговорот или договорот за купопродажба на стан важно е да се наведат правата и обврските на купувачот и правата и обврските на продавачот. Врз основа на наведените права и обврски секој има право да го побарува тоа што е наведено во членовите од преддоговорот или договорот.

За заштита на своите права купувачот може да се обрати до надлежните институции и невладини организации.

Извор:
Закон за облигациони односи

За поведување на правна постапка во случај на повреда на правото на купувачот на стан обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top