Skip to content

Цесија

Цесијата претставува договор за отстапување на долг. Доверителот може со договор склучен со трет да го пренесе врз него своето побарување, освен она чие пренесување е забрането. Договорот за отстапување нема дејство спрема должникот, ако тој и доверителот договориле дека нема да може да го пренесе побарувањето врз друг или дека не ќе може да го пренесе без должниковата согласност.

Со побарувањето, врз примачот преминуваат споредните права како што се правото на првенствена наплата, хипотеката, залогот, правата на камата, договорната казна и слично.

Преземањето на долг се врши со договор меѓу должникот и преземачот, со кој се согласил доверителот.

Со договорот за преземање на долгот преземачот стапува на местото на поранешниот должник и поранешниот должник се ослободува од обврската.

Споредните права што дотогаш постоеле кон побарувањето остануваат и натаму, но гаранции како и залози што ги дале трети лица престануваат ако гарантите и залогодавците не се согласат да одговараат и за новиот должник.

Извор:
Закон за облигационите односи

За состав на договор за цесија и потребната документација обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top