Skip to content

Лихварски Договор

Лихварскиот договор е неважечки односно ништовен договор. Ако со некој договор се користи состојбата на нужда или тешката материјална состојба на друг, негово недоволно искуство, лекомисленост или зависност, ќе договори корист за себе или за некој трет која е во очигледен несразмер со она што тој на другиот му го дал или сторил, или се обврзал да му даде или да му стори, тогаш тој договор е ништовен.

Доколку е склучен лихварски договор, за него се применуваат одредбите за ништовност од Законот за облигациони односи. Согласно договорот ништовноста може да биде делумна или целосна. Оштетената договорна страна може да бара да и се намали нејзината обврска и доколку судот утврди дека тоа барање е можно, ќе се направи соодветна измена во договорот и во тој случај договорот со измената останува да важи. Барање за намалување на обврската на справедлив износ, оштетената договорна страна може да бара во рок од 5 години од склучувањето на договорот.

Извор:
Закон за облигациони односи

Во  Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top