Skip to content

Што претставува конкурентската клаузула?

Конкурентската клаузула е договорна забрана на конкурентското дејствување. Доколку работникот во своето работење или во врска со работата се здобива со технички, производни или деловни знаења и деловни врски, може во договорот за вработување да договори да има забрана за вршење на конкурентско дејствување кое важи и по престанувањето на работниот однос.

Конкурентската клаузула може да важи за одреден временски период (најдолго во рок од две (2) години по престанокот на работниот однос), доколку работникот стекнал техничко, производно или деловодно знаење кај работодавачот и тие знаења не смее да ги користи кај друг работодавач во тој временски период. Ова важи доколку договорот за вработување престане по вина и волја на работникот и оваа клаузула не смее да ја исклучи можноста за ново вработување на работникот.

Конкурентската клаузула се смета дека е договорена само ако е изразена во писмена форма.

Извор:
Закон за работни односи

За состав на договор за вработување и употреба на конкурентската клаузула, контактирајте ја Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

Back To Top