Skip to content

Начини на престанок на важноста на договорите

Престанок на договорот е моментот на извршување на предметот на договорот односно исполнување на обврската од страна на должникот во полза на доверителот. 

Престанокот на договорот може да биде со:

  • Исполнување на обврската – со извршување на обврските од страна на двете договорни страни доколку е двостран договорниот однос или извршување на обврската од страна на должникот доколку е едностран договорниот однос;
  • Пребивање (компензација) – со меѓусебно пресметување, израмнување на правата и обврските на двете договорни страни;
  • Отпуштање на долгот – двострана согласност на договорните страни со која доверителот му го опростува долгот на должникот кој го има кон него;
  • Новација – со замена на еден облигационен однос со друг, во согласност на двете договорни страни. Со новацијата се доведува до гасење односно престанок на стариот однос и настанување на нов однос;
  • Соединување (конфузија) – кога правата и обврските кои произлегуваат од ист однос ќе се соединат во една договорна страна. (Пример: кога доверителот го наследил својот должник или обратно, или кога доверителот своето право го пренесува на долежникот);
  • Неможност за исполнување на обврската – кога обврската станала невозможна да се изврши, исполни;
  • Истек на времето – кога во договорот е определено времето на траење на тој договор, со неговиот истек престанува облигациониот однос, а кога не е определено може облигациониот однос да престане со отказ;
  • Отказ – e изјава на волја на едната договорна страна дека договор престанува;
  • Смрт – е начин на престанок на договорот доколку кај една од договорните страни настапи смрт;
  • Застареност – кога престанува да се бара присилно исполнување на обврската од договорната страна (должник), односно поминал определен временски период во кој не се исполнила обврската и не мора да се исполни.

Извор:
Закон за облигационите односи

За правен совет, изработка и ревизија на секаков вид на договори обратете се во  Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top