Одобрението за градба е задолжителен управен акт издаден од надлежната општина (односно општината во која се гради), со кој се дозволува започнување на градба. Истото претставува правна основа за изведување на градежни работи и е неопходно за секоја нова градба, доградба, надградба, реконструкција или адаптација на објект.
Без правосилно одобрение за градба, секое градење се смета за незаконско и може да резултира со казни, забрана за користење на објектот или неможност за негов упис и продажба. Сервисеа нуди целосна услуга за спроведување на постапката за добивање одобрение за градба, со што Ве ослободува од сите административни обврски.
Во постапката за добивање одобрение за градба Сервисеа соработува со лиценциран архитект и овластен геометар, комплетирајќи ги сите чекори и потребната документација, меѓу кои:
- усогласување на градбата со урбанистичкиот план,
- изработка на идеен и основен проект,
- геодетски елаборати,
- докази за сопственост и имотно-правна состојба,
- поднесување барање, решавање на спорни прашања и комуникација со надлежните институции.
Нашата услуга вклучува:
По завршување на градежните работи, Сервисеа обезбедува и дополнителна правна поддршка со цел целосно заокружување на постапката, и тоа:
