Skip to content

За компаниите кои сакаат сигурна, навремена и практична поддршка во секојдневното работење, подготвивме основен и премиум пакет на правни и административни услуги.
Цената е фиксна и однапред позната, а претставува минимален трошок во однос на вработување сопствени правници или ангажирање професионалци за секоја од услугите опфатени во пакетите.
Доколку сакате повеќе информации за пакетите, контактирајте нè.

Основен месечен пакет

Основниот пакет е наменет за компании кои имаат потреба од сигурна правна и административна поддршка во секојдневното работење.

Пакетот вклучува:

  • Правно советување – 2 часа месечно, физички, телефонски или онлајн
  • Работни односи – подготовка и проверка на договори, анекси, откази и други акти
  • Административна поддршка и управни постапки – изработка на поднесоци, застапување и водење постапки пред институции
  • Деловно и трговско право – подготовка, анализа и ревизија на договори, како и опомени пред тужба

Премиум месечен пакет

Премиум пакетот е наменет за компании кои имаат потреба од поширока и понапредна правна и административна поддршка.

Пакетот вклучува:

  • Правно советување – 5 часа месечно
  • GDPR и заштита на лични податоци – усогласување на документација, политики и веб-страница
  • Имотно-правни услуги – проверка и подготовка на документација, катастарски постапки и договори
  • Усогласување со законска регулатива – проверка и ажурирање на интерни акти, договори и документација
  • 10% попуст на додатните услуги од Сервисеа и Сервисеа Проперти

Премиум пакетот го содржи и основниот пакет на услуги.

Забелешка: плаќањето на таксите кон институциите се на товар на клиентот, Сервисеа го обезбедува правниот и административниот дел.

Додатни услуги над рамките на стандардните месечни пакети (се наплаќаат дополнително):

  • Интелектуална сопственост
  • Основање и статусни промени
  • Тендери
  • Услуги поврзани со недвижности
  • Странски инвестиции
  • Одобрение за градба
  • Трансформација на земјоделско земјиште
  • Откуп на земјиште
  • Други услуги според потребите на клиентот
Back To Top