Деловното и трговското право ги опфаќаат правните односи што настануваат при вршење на деловни и трговски активности, односно односите помеѓу трговци, компании, претприемачи и други правни и физички лица кои настапуваат на пазарот со цел остварување на економски и деловен интерес.
Овие правни области ја уредуваат целокупната деловна комуникација, почнувајќи од основање и статусни промени на деловни субјекти, па сè до склучување и реализација на договори, трговски трансакции и заштита на деловните интереси.
Деловното и трговското право вклучуваат:
- договорни односи помеѓу трговски друштва и други субјекти
- купопродажба на стоки и услуги
- деловна соработка и партнерства
- права и обврски на трговците
- усогласеност со законските прописи
- превенција и решавање на деловни спорови
Правилното правно уредување на овие односи е клучно за сигурно, стабилно и успешно деловно работење.
Сервисеа нуди услуги од областа на деловното и трговското право, прилагодена на потребите на клиентите.
Изработка и составување на договори
Состав на договори:
- договори за купопродажба
- договори за деловна соработка
- договори за услуги
- договори за закуп
- договори за посредување
- рамковни и комерцијални договори
- секаков вид на други договори
Обезбедуваме:
- правни консултации при склучување и раскинување на договори
- анализа и ревизија на постоечки договори
- толкување на одредби и договорни обврски
- насоки за законско и усогласено работење
