Skip to content

Вработување на инвалидно лице

Инвалидно лице може да се вработи и да работи на работно место за кое има соодветно образование и занимање ако ги исполнува општите и посебни услови за работното место. Комисија при Министерството за труд и социјална политика дава наод и мислење за определувањето на работи кои може да ги извршува инвалидното лице за соодветното работно место.

Инвалидно лице се смета дека е она лице кое има оштетен вид, слух, пречки во говорот, гласот, телесно инвалиден, со пречки во интелектуалниот развој и со комбинирани пречки.

Постојат мерки за подобрување на условите за вработувањето и работењето на инвалидни лица и тоа:

  • доделување неповратни средства за вработување на неопределено време на невработено инвалидно лице, адаптација на работното место на кое ќе работи инвалидното лице доколку таа е потребна и набавка на опрема според критериумите и на начин утврден со акт на министерот за труд и социјална политика;
  • ослободување од даноци и обезбедување средства за придонеси;
  • финансиска поддршка во работењето.

Средствата за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидните лица, адаптацијата на работно место и набавката на опрема, се обезбедуваат од Посебниот фонд за подобрување на условите за вработување и работење на инвалидни лица. Инвалидните лица се вработуваат во заштитни друштва, а Агенцијата за вработување води евиденција за невработените инвалидни лица.

Извор:
Закон за вработување на инвалидни лица

За водење на постапката за работни односи, за вработување на инвалидно лице и за потребната документација за истата обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!


This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top