Skip to content

Пресметување пазарна вредност на стан

Пазарната вредност на становите се пресметува според:

  • вид на градба – армирано бетонска, неармирано бетонска и монтажна конструкција според пресметковните бодови по м2 функционална површина;
  • инсталации: водовод и канализација; електрична (монофазна, трофазна и модерна); парно греење, плин, безбедносни системи, телефонска инсталација;
  • лифт;
  • подна подлога – паркет (буков, дабов, и сл.) патос, ламинат и површина на соодветната подна подлога; плочки – стандардни (керамика, терацо), модерни, луксузни според пресметковните бодови по м2 површина на соодветниот вид на плочки;
  • санитарија (класична, модерна, луксузна);
  • фасадна столарија – прозорци (дрвени, класични) и вид на прозорци (мали и големи), и по квалитет и тоа дрво- оков термопан стакла, ПВЦ прозорци, алуминиумски;
  • врати според вид и квалитетот на вратите и тоа за внатрешни (шперовани, фурнирани) и надворешни (дрвени, алуминиумски, ПВЦ, блиндор);
  • фасада-класична, травертин, пикована, димит, мермерни плочки, фасадна цигла;
  • изолација-хидро, звучна и термо;
  • година на градба како основа за пресметување на амортизацијата според пропишаната стапка односно годината на инвестиционото одржување;
  • катност на зградата;
  • микро локација;
  • макро локација и
  • атрактивност.

Извор:
Методологија за процена на пазарната вредност на недвижен имот

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top