Skip to content

Осигурување во случај на невработеност

Во рамки на работниот однос вработените се задолжително осигурани во случај на невработеност.
Брачен другар може да се осигура во случај на невработеност (државјанин на РСМ) на работа во друга држава.

Права на осигурување во случај на невработеност се:

  • паричен надоместок;
  • подготовка за вработување (обука, преквалификација или доквалификација);
  • право на здравствена заштита,
  • право на пензиско и инвалидско осигурување и
  • права на инвалидни лица за вработување со поволни услови.

Услов за право на паричен надоместок има невработено лице кое било во работен однос најмалку 9 месеци без прекин или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци.

Невработено лице има право на паричен надоместок за времето поминато во работниот однос за кое се подмирени придонеси за задолжително социјално осигурување и тоа:

  • во работен однос со полно работно време;
  • во работен однос со неполно работно време, пресметано во полно работно време;
  • во работен однос на определено време (сезонска работа) подолго од 40 часа во неделата, ако тоа време му е пресметано во работен стаж и
  • за работа во странство.

Не може да оствари право на паричен надоместок невработено лице на кое работниот однос му престанал поради:

  • давање писмена изјава на работникот дека сака да му престане работниот однос, (освен ако е дадена поради промена на местото на живеење на брачниот другар или склучување на брак);
  • спогодбено престанување на работниот однос;
  • остварува права од работен однос спротивно на закон;
  • престанок на работен однос по сила на закон,(освен во случај поради стечај);
  • неоправдано изостанување од работа последовно 3 или 5 работни дена со прекин во текот на една година;
  • престанок на работниот однос со отказ од страна на работодавачот за кршење на работната дисциплина, неисполнување на обврските, колективен договор и договор за работа;
  • одбивање да работи на работи на кои е распореден;
  • одбивање да биде преземан со спогодба кај друг работодавач;
  • одбивање обука, преквалификација или доквалификација за друго работно место кај ист или друг работодавач;
  • губење на работната способност согласно со прописите за пензиското и инвалидското осигурување и
  • исполнување услови за остварување право на пензија.

Извор:
Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност

За водење на постапки за работни односи, заштита на работниците и потребната документација за истите обратете се во Сервисеа.

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top