Skip to content

Обврски на сосопственикот при продажба

Обврски на сосопственикот при продажба на недвижност со првенство на купување

Сосопственоста е сопственост на повеќе лица врз одредена недвижност или врз ствар.

Сосопственикот може да ја користи недвижноста и да располага со неа без согласност на другите сопственици. Но, во случај на продажба на недвижноста другите сосопственици имаат право на првенствено купување на недвижноста.

Сосопственикот доколку сака да го продаде својот сопственички дел од недвижноста должен е првично да им соопшти на другите сосопственици со подавка преку нотар, односно првично нив да им го понуди за продажба својот сосопственички дел, да им ја соопшти цената како и условите за продажба.

Доколку сосопствениците во рок од 30 дена не се изјаснат дека ја прифаќаат понудата, сосопственикот може својот сосопственички дел да го продаде на друго лице. Или ако повеќе сосопственици под исти услови сакаат да го купат идеалниот дел од недвижноста, тогаш тој ќе му се предаде на оној сопственик кој ќе го одреди продавачот.

Во случај да не им се даде понуда на сите сосопственици, по судски пат може да се бара поништување на продажбата.

Извор:
Закон за сопственост и други стварни права

Во  Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top