Skip to content

Градење без одобрение за градба

На изграден објект без одобрение за градење, неговиот градител нема сопственост врз истиот меѓутоа до легализирање на објектот или пак рушење, ужива соодветна судска заштита како сопственик.

Градителот на објектот изграден на свое или туѓо земјиште без одобрение за градење, може да стекне сопственост доколку градбата се легализира, ако објектот се вклопува во урбанистичкиот план, а градбата се потврди со одобрението за градење од надлежен орган и се запише во јавната книга за запишување на правата на недвижностите. Во случај кога објектот е изграден на земјиште каде не постои урбанистички план, откако надлежен орган ќе утврди дека поминале 10 (десет) години од изградбата може да стекне сопственост со упис во јавната книга за запишување на права на недвижностите.

Извор:
Закон за сопственост и други стварна права

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top