Skip to content

Внесување влог на содружниците во трговските друштва

Еден од условите за основање на трговско друштво е содружниците да внесат основачки влог, чиј влог може да биде паричен и непаричен. 
Внесувањето на основачкиот влог може да биде во моментот на основањето на трговскто друштво или одложено – да се внесе во рок од една година.

Износот на вкупниот основачки влог е 5.000 евра во денарска противвредност. Поединечниот влог на содружникот не може да биде помал од 100 евра во денарска противвредност и секој содружник при основањето на друштвото може да преземе само еден влог.

Уплатата на паричниот влог се врши во целост и износот не смее да биде помал од 5.000 евра во денарска противвредност, а ако се внесува пред поднесувањето на пријавата за основање на трговското друштво, се врши на привремена сметка на друштвото носител на платен промет. Доколку паричниот влог се внесува на одложено, во рок од една година од основањето на трговското друштво се внесува во банка на сметката на трговското друштво под шифра внес на основачки влог.

Непаричниот влог се состои од предмети, имот и слично, за кои проценител треба да направи проценка на нивната вредност и истата да ја изрази во парични средства. Непаричниот влог како и паричниот не смее да биде помал од 5.000 евра во денарска противвредност и се внесува со приложување на проценката од предметите, стварите или имотот што ќе влезат во основачкиот влог.

Извор:
Закон за трговските друштва

Во Сервисеа ќе Ви помогнеме со сите правни и административни препреки. Нашите услуги се достапни на следниот линк.

Вашиот проблем е наша мисија!

This Post Has 0 Comments

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back To Top